Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека европските земји ќе ги обезбедат потребните средства за да го поддржат американскиот план за вооружување на Украина… За време на посетата на Капитол Хил, Руте се сретна со сенаторите Џин Шеин и Том Тилис, ко-претседатели на Сенатската набљудувачка група за НАТО… Претседателот Доналд Трамп претходно најави дека европските сојузници ќе купат „милијарди и милијарди долари“ вредно американско оружје кое ќе биде префрлено во Украина… Тој, заедно со Руте, во Овалната соба рече дека овој потег е дел од поширок притисок врз Русија да постигне мировен договор… Руте потврди дека планот опфаќа и дефанзивно и офанзивно оружје и нагласи дека поддршката за Украина треба да започне веднаш, додавајќи: „Процесот почнува практично од вчера – и мора да донесе резултати што е можно поскоро…











