Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утринава локализиран пожарот во велешката фабрика „Мирана“

/

пред 439 дена

Сподели преку :

Рано утринава во 4 часот е локализиран пожарот во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес што избувна вчеравечер околу 22 часот, информираат утринава од Центарот за управување со кризи.

Пожарникарите и останатите служби и натаму остануваат на терен за да спречат евентуално повторно разгорување на огнот поради тоа што сѐ уште постојат слаби чадења на одредени места во фабриката.

„Според првичните сознанија на Секторот за внатрешни работи Велес, гореле магацин (во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друго) и канцелариски простории (документација и други материјали)“, информираат од ЦУК.
Во гасењето на пожарот учествувале пожарникари со три противпожарни возила од велешката противпожарна, едно возило од Јавното комунално претпријатие „Дервен“, две специјални пренаменети возила на Дирекцијата за заштита и спасување, а на терен биле присутни и шест полициски службеници од СВР Велес.

Тимот на фабриката „BioCosmos & Mirana“ излезе со официјално соопштение по повод синоќешниот пожар на локацијата. Оттаму велат дека пожарот избувнал како резултат на удар од гром.

-За среќа,  нема повредени. Дел од просториите на BioCosmos се оштетени и ќе бидат привремено надвор од употреба. Сакаме јасно да нагласиме дека фабриката Mirana, која се наоѓа во истиот комплекс, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално, појаснуваат од тимот.