Ноќта помина мирно во Косовска Митровица. Во текот на ноќта моторизирани патроли на полицијата на ЕУЛЕКС можеа да се забележат и во самиот град и на автопатите.
Дел од српското население кои живее на северот од Косово предупредува на нови тензии откако првиот дипломат на Европската унија одржа осумчасовни неплодни разговори со лидерите на Србија и Косово и ги обвини за нивниот неуспех да го решат спорот околу регистарските таблички на возилата.
Жителите на Лепосавиќ, синоќа шетаа низ градот каде што беа подигнати српски знамиња со натписи „Ова е Србија“.











