Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Три лица се хоспитализирани откако изби пожар во куќа во центарот на Кочани

/

пред 453 дена

Сподели преку :

„Голем пожар изби попладнево на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани, при што интервенираат сите расположиви сили на Територијалната противпожарна единица“ објави Радио Кочани.
Според информациите кои ги пренесува медиумот во гаснењето на пожарот веднаш се вклучиле членовите на Доброволното противпожарно друштво. Пожарникарите се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот, а присутна е ѝ полицијата која ја обезбедува локацијата.
Досега се хоспитализирани три лица, најверојатно поради вдишување чад и полесни повреди. Причините за пожарот засега се непознати.