Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во СВР Охрид нема пријава за повредени по падот на параглајдер – скршена електрична канделабра

/

пред 160 дена

Сподели преку :

СВР Охрид информира дека на 26.04.2026 во 21:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 14:00 часот две лица со параглајдер се спуштиле на пешачката патека после каналот „Студенчишта“ во Охрид, по што паднале на плочникот.

Притоа, дел од опремата на параглајдерот ја зафатила електричната канделабра поставена на централниот дел од патеката која се скршила и паднала на пешачката лента.

Во СВР Охрид, до овој момент нема пријава за повредени лица, а во консултација со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Телма објави дека параглајдерист изгубил контрола при слетување, по што настанал инцидент на патеката кај „Куба Либре“ во Охрид. Како што може да се види од видеото на социјалните мрежи, леталото се движело ниско, директно кон пешаците кои биле на патеката.

(Видео) Во обид да не настрадаат луѓе, Параглајдер удри во канделабра кај „Куба Либре“ во Охрид