Претседателот на Србија Александар Вучиќ за утре свикал состанок на Советот за национална безбедност во врска со терористичкиот напад кај Москва. Тој нагласи дека имал неколку причини за свикување на седницата на Советот за безбедност, а ова била непосредна причина.
Во терористичкиот напад во Москва, во Крокус Сити Хол загинаа 40 лица, а над 100 се повредени.











