Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче: Теренската вакцинација се одвива одлично

/

пред 1914 дена

Сподели преку :

Медицински тимови од здравствениот дом Пробиштип рано утринава започнале со вакцинација во селото Турско Рудари.

Здравствениот дом Валандово пак теренската вакцинација ја започнале од селото Чалакли.

Според министерот за здравство, Венко Филипче, заинтересираноста на жителите е голема а процесот на вакцинација се одвивала одлично.

Истовремено, преку објавата на Фејсбук тој апелира до граѓаните во што поголем број да се вакцинираат, проценувајќи дека вакцините се безбедни и ефикасни и единствен начин да се победи пандемијата.

Процесот на теренска вакцинација ќе се одвива на цела држава, при што медицински екипи ќе го посетат секое село и рурално населено место, најавува Филипче.