Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Изборни“ инциденти во Бангладеш: Најмалку 10 мртви

/

пред 1731 дена

Сподели преку :

Најмалку 10 лица загинаа, а десетици се повредени во инцидентите што избија во петтата фаза од локалните избори во Бангладеш.

Во Бангладеш, кој има приближно 170 милиони жители, се одржа петтата фаза од изборите за локалната власт.

Според извештаите на локалните медиуми, 6 лица загинале во текот на еднодневното гласање, а 4 лица загинале при пребројувањето на гласовите, додека пак десетици луѓе беа повредени.

Од друга страна, претставниците на изборите во Бангладеш изјавија дека, освен неколку инциденти, изборите низ земјата поминале мирно.

Секретарот на изборната комисија д-р. Хумајун Кабир Хандакер повика да се прифатат изборните резултати.

Главната опозициска Националистичка партија на Бангладеш (БНП) го бојкотираше гласањето, тврдејќи дека искривената политичка атмосфера во земјата го спречи фер учеството на изборите.