Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Италијанските владејачки партии сакаат Матарела да продолжи да ја извршува претседателската функција

/

пред 1709 дена

Сподели преку :

Италијанските владејачки партии се согласија да побараат од италијанскиот претседател Серџо Матарела да остане на функцијата уште еден мандат, откако Парламентот не успеа да најде алтернативен кандидат, изјави денеска лидерот на левичарската партија Слободни и еднакви (ЛЕУ), Роберто Сперанца.

Италијанскиот премиер Марио Драги, исто така, побара од Матарела да остане на функцијата уште еден мандат, откако политичките лидери не успеаја да најдат алтернативен, компромисен кандидат, истакна претходно денеска неименуван извор.

Тој нагласи дека Драги му рекол на Матарела дека треба да остане на функцијата за доброто и стабилноста на земјата.

Засега нема коментари од кабинетот на италијанскиот претседател.

Серџо Матарела (80) претходно изјави дека не сака уште еден мандат како шеф на државата.