Експерти работат на стратегијата за борба со аерозагадувањето. Во министерството за здравство има екипа, но министерот вели дека оваа проблематика не е само нивна надлежност.
Според Таравари, тие се надлежни само во делот од штетите по здравјето на луѓето, предизвикани од отровните честички во воздухот.
Директорот на клиниката за детски болести, пак, вели дека периодов е зголемен бројот на пациенти, но дека установата има капацитет да се справи со ситуацијата.











