Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Амбасадата на Србија во Скопје отвори Книга на жалост за несрeќата во Нови Сад

/

пред 700 дена

Сподели преку :

Амбасадата на Србија во Скопје соопшти дека во нејзините простории на ул. „Питу Гули“ број 8 е отворена Книга на жалост за трагедијата што вчера се случи во Нови Сад.

Македонските граѓани може да го изразат своето сочувство во Книгата на жалост од денеска до 4 ноември, од 12 до 18 часот.

Поради несреќата во која од падот на натстрешница на Железничката станица во Нови Сад вчера загинаа 14 луѓе, меѓу кои и македонскиот државјанин Васко Саздовски (45). Денешниот ден е прогласен за Ден на жалост во Србија.