Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Британија ќе го намали бројот на мигранти од Западен Балкан

/

пред 507 дена

Сподели преку :

Велика Британија ќе ги засили своите напори во борбата против криминалните мрежи од Западен Балкан кои овозможуваат илегални миграции, изјави синоќа премиерот Кир Стармер, неколку дена откако најави голем број реформи кои ќе помогнат во намалување на миграциите.

Во својата прва официјална посета на Албанија, Стармер ќе најави мерки за спречување на враќањето на албанските државјани во Британија откако ќе бидат депортирани и ќе стори повеќе за искоренување на перењето пари меѓу двете земји.

Во 2022 година, Албанците беа најбројни мигранти во Британија, но бројот оттогаш нагло се намали, делумно поради договорот за депортација што го склучи претходната конзервативна влада.

Што се однесува до легалните миграции, кои го сочинуваат најголемиот дел од оние кои доаѓаат во Британија, Стармер претходно оваа недела вети значително намалување на нето-приливот, истакнувајќи дека земјата без построги правила ризикува да стане „остров на странци“.