Министерството за земјоделство и шумарство предлага големите странски стратешки инвеститори да може да градат енергетски објекти на најплодните земјоделски површини од прва, втора, трета и четврта класа и тврдат дека со измените што ги предлагаатцелосно се заштитува земјоделското земјиште од 1 и 2 класа.
Со законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште што од вчера е најавен на платформата на единствениот национален електронски регистар на прописи фотонапонски централи и ветерници ќе може да се градат и на најдоброто земјоделско земјиште во Македонија, а со измена на членот 51 и пасиштата како земјоделски површини ќе можат да се пренаменат во градежни, т.е и таму ќе може да се градат фотоцентрали.
Дали овие законски решенија се вокорист на македонското земјоделство и сточарство?
Дали ќе се доведеме во ситуација да избираме помеѓу енергија и храна?
Ќе го дотепаат ли фотоволтаиците и така руинираното македонско земјоделие?
Анкета: Дали Македонија ќе остане без плодната земја за производство на храна? ДА/НЕ