Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Центар, Карпош и Aеродром со рекoрдни цени на становите – oчекувањата се дека цените ќе се стабилизираат

/

пред 140 дена

Сподели преку :

Во првото тромесечје од годинава пазарот на недвижности бележи пад и во делот на продажба и во делот на закупи. Но, градежниците сметаат дека треба да се почекаат податоците до средината на годината за да се каже каков ќе биде трендот.

– Евидентно е, евидентно е дека оној раст кој го имавме и оној тренд кој го имавме почнува да паѓа. Евидентно е дека куповната моќ се намалува на населението со оглед не само по податоците од катастар. Тоа може да го приметиме и по огласите што ги имаат во јавноста објавено за купопродажба на станбен деловен простор. Можеме да приметиме што не беше пример пред една година две дека одредени станбени единици се објавени оглас за продажба многу долго и за изнајмување исто така. Така да јас би сочекал уште наредни три месеци да дадеме конкретен суд темелен врз база на анализа што тоа се случува на пазарот на недвижни и кој ќе биде трендот за понатака, изјави Андреја Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво, индустријата на градежни метали и неметали.

Според последните податоците на Катастар, најскапи се становите во општина Центар, по што следуваат Карпош и Аеродром. Граѓаните категорични дека со овие плати и пензии е невозможно да се купи стан.

„За овој простор каде што живееме сметам дека цените се многу високи. Не знам како се купува стан од три илјади евра. Со редовни плати и чесно работење тешко“

„Во однос на квалитетот и тоа што се нуди цените се многу високи“

„Имаме премногу празни станови, а превисоки цени. За Македонија тоа искрено не е издржливо да бидат три илјади евра за квадрат“

„Тешки времиња идат. Не знам. За нас повозрасните веќе се знае, ама за младите нешто да купат или да направат ако немаат подршка од фамилијата е многу тешко. Затоа и младите си одат надвор од државата“

Во општина Центар евидентна е градежна експанзија, велат градежниците, но очекувањата се годинава да се изедначат понудата и побарувачката на станови.

– Се додека не се израмни понудата и побарувачката горниот тренд ќе расте. А понудата сега е многу поголема од минатата година. Може да видите на пример во општините што имаат големи трансакциски активности се атрактивни за куповина како општина Центар на пример ќе видите дека има една градежна експанзија на издадени одобренија на градби и на станови кои почнале да се градат, додаде Серафимовски.

Очекувањата се дека цените на недвижностите ќе се стабилизраат, но на кое ниво ќе зависи од побарувачката на станови. Само во првите три месеци од годинава за купување на станови се потрошени 275 милиони евра, а направени се закуши во износ од 1,1 милиони евра.

Тамара Марковска