Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дојран е преполн за новогодишно-божиќните празници – се бара место повеќе за престој

/

пред 636 дена

Сподели преку :

Дојран е преполн за новогодишно-божиќните празници. Се бара место повеќе за престој покрај Дојранското Езеро. Градоначалникот Ангов вели дека има неколку илјади гости кои се сместени ова седмица во хотелските и апартманските капацитети, а очекува и вечерва посета на коледарските огнови.

Ангов смета дека цените за сместување, но и рестораните во Дојран се се уште конкурентни, па очекува дека трендот на посета ќе продолжи и во останатите месеци од зимата и рана пролет. Градот работи и на збогатување на туристичката понуда, може да се посети музејот, саат кулата, турската бања и други историски и културни споменици.

Прогнозите на туристичкото биро се дека во Дојран ќе поминат десетина илјади туристи до средината на јануари.

Сузана Мицева