Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дума: Се фокусиравме на анализирање на ткивата во потребната цел – во почетокот беше шизофренија, па подоцна самоубиство и депресија

/

пред 244 дена

Сподели преку :

Стручната работа и научниот пристап биле во фокусот на анализите на ткивата, кои се спроведувале исклучиво согласно правните и етичките норми што важат во развиениот свет, рече професорот Алексеј Дума во емисијата „Топ Тема“.

„Ние се фокусиравме на стручната работа и стручниот начин на анализирање на ткивата во потребната цел. Во почетокот беа шизофренија, па подоцна поради одредени стекнати дополнителни сознанија во текот на работата се отворија и самоубиствата, па до највисоките степени на депресија. Работевме исклучително според правните и етичките норми пропишани во развиениот свет, Америка беше многу пред нас  и ги имаше решено тие проблеми административно, комплетно и целосно. Значи ние се трудевме да ги задоволиме нивните барања, во тие институции. И сето тоа мораше за да помине до таму, мораше прво да биде регулирано тука во земјите кадешто излегуваат“, објасни Дума.

Тој нагласи дека Америка во оваа област била значително понапред и дека тие прашања таму биле административно, комплетно и целосно регулирани.

Т.Д.