Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија

/

пред 477 дена

Сподели преку :

Двајца македонски државјани, кои со мотоцикл се движеле по автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, се здобиле со тешки телесни повреди откако со мотоциклот удриле во заштитен ѕид на коловозот.

Според албанската полиција, несреќата се случила на делницата Маќелари – Булќиза, кај месноста „Мостот Череница“, кога мотоциклот со скопски регистарски таблички, при непрописно претекнување изгубил контрола и се удрил во заштитниот ѕид.

Тие прво биле однесени во болницата во Булќиза каде што им била укажана прва помош, а потоа биле пренесени во Клиниката за трауматологија во Тирана за поспецијализиран третман.