Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еболата може да се шири побрзо отколку што се сметаше првично

/

пред 137 дена

Сподели преку :

Епидемијата на ебола, од која починаа најмалку 131 лице во Демократска Република Конго, можеби се шири побрзо отколку што првично се сметаше, предупреди претставник на Светската здравствена организација.

Д-р Ан Ансија за Би-Би-Си изјави дека колку повеќе агенцијата истражува, толку појасно станува дека случаите се прошириле и во други области.

Првично се мислело дека бројот на заболени е 513 случаи, но дополнителната анализа покажала дека имало  „значително“ недоволно откривање и дека не може да се исклучи дека веќе има повеќе од 1.000 случаи.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој минатата недела ја прогласи епидемијата за меѓународна вонредна состојба, рече дека е „длабоко загрижен за обемот и брзината на епидемијата“. Се стравува дека епидемијата можеби траела неколку недели пред да биде првпат откриена на 24 април.