Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕП ја изгласа новата европска комисија на чело со Фон дер Лајен

/

пред 677 дена

Сподели преку :

Членовите на Европскиот парламент (ЕП) денеска ја изгласаа новата комисија на чело со претседателката Урсула фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на презентацијата на нејзиниот нов тим на комесари и нивната програма во ЕП, изјави дека првата голема иницијатива на новата Комисија ќе биде компасот за конкурентност, кој ќе биде врз основа на три столба – иновации, декарбонизација и безбедност.

Во своето воведно обраќање пред пратениците во ЕП, пред гласањето за новиот состав на Комисијата, таа повика на зголемување на трошоците за одбраната, а зборуваше и за важноста на критичните суровини и опстанокот на автомобилската индустрија и најави дека ќе свика стратешки дијалог за нејзината иднинаа во Европа.

„Европската автомобилска индустрија е гордост на Европа. Милиони работни места зависат од неа. И заедно мораме да се погрижиме иднината на автомобилите да продолжи да се создава во Европа“, изјави Фон дер Лејен.