Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ер трактори и хеликоптери од Турција пристигнаа на помош на македонските пожарникари

/

пред 812 дена

Сподели преку :

Турција прва испрати помош за справување со огнените стихии на планините Серта и Огражден.

На тешко пристапните планински терени од воздух освен армиски, полициски хеликоптери, на македонските ер трактори на помош утринава им пристигнаа и ер трактори и хеликоптери од Турција.

Огнените стихии се длабоко во планините, ангажирана е и механизација за да се пробиваат патишта, со цел и од земја да се гасат пожарите.

Четири активни пожари има на планината Серта, во Неготинско, Штипско и Општина Конче.

На терен се пожарникарите, доброволци, месно население, вработени на државни и локални институции,  како и припадниците на  Македонска Армија и Полицијата.

Според ЦУК во последното деноноќие  имало  26 пожари на отворено, а од нив активни  се девет  коишто утрово се гаснат и од земја и воздух.

Викторија Јованова