Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ: Се нормализира испораката на топлинска енергија во Општина Центар

/

пред 622 дена

Сподели преку :

Рано утрово, екипите на ЕСМ ги завршија предвидените активности за санирање и отстранување на дефектот на магистралниот вод А во општина Центар.

– Вработените успешно ја завршија санацијата, информираат утрово од компанијата.

Додаваат дека по завршувањето на овие интервенции, во тек се активности на полнење на топловодите со што испораката на топлинска енергија до потрошувачите кои се снабдуваат од тој магистрален вод се нормализира и се обезбедува стабилно и непрекинато снабдување за сите потрошувачи во општина Центар со топлинска енергија.

Во текот на вчерашниот ден поради дефект во топловодната мрежа голем дел скопски општини останаа со ладни радијатори.

Причина за ваквата ситуација, како што известија од компанијата, било поголемо истекување на вода од мрежата.