Европол ја реализира најголемата акција против терористичка пропаганда споделувана преку аудио содржини.
Идентификувани се 17.298 URL-адреси на 40 онлајн платформи. Вкупната аудио содржина во овие линкови изнесувала околу 1.100 часа, што е еквивалент на 47 дена непрекинато слушање. Операцијата била насочена кон терористичка аудио пропаганда што ја користат групи од различни идеолошки спектри, вклучувајќи џихадистички и насилни десничарски екстремистички мрежи. Досега е отстранета 77% од содржината.
Меѓу идентификуваните материјали, како што појаснуваат од Европол, имало говори на означени терористички лидери, песни што величат насилство, како и исламски скандирања што се користат во џихадистичката пропаганда.











