Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФЕД не ги промени каматните стапки, но најавува повисока инфлација

/

пред 199 дена

Сподели преку :

Претставниците на Федералните резерви очекуваат дека војната со Иран ќе ја влоши инфлацијата оваа година, а воедно ќе има мало влијание врз растот, но сепак очекуваат да ја намалат својата клучна стапка еднаш во 2026 година..

Засега, креаторите на политиките на Федералните резерви ги оставија краткорочните каматни стапки непроменети на околу 3,6%..

Во соопштението, централната банка изјави дека „импликациите од случувањата на Блискиот Исток за американската економија се неизвесни“..

„ФЕД одлучи да ја остави нашата каматната стапка непроменета. Ја сметаме  монетарната политика за соодветна за да се промовира напредок кон нашите цели за максимална вработеност и инфлација од 2 проценти. Импликациите од случувањата на Блискиот Исток за американската економија се неивесни. Ќе останеме внимателни на ризиците. И ќе имам повеќе да кажам за монетарната политика откако накратко ќе ги разгледам еономските случувања. Достапните индикатори сугерираат дека економската активност се шири со солидно темпо. Потрошувачката на потрошувачите е отпорна а фиксните инвестиции во бизнисот продолжуваат да се зголемуваат. Спротивно на тоа активноста во секторот за домување останува слаба. На пазарот на трудот невработеноста беше 4,4% во февруари и малку се промени од крајот на минатото лето“ изјави  Џером Пауел, претседател на американските Федерални резерви.