Ракометарите на Алкалоид и во третиот натпревар од почетокот на новата сезона забележаа победа. Овој пат избраниците на Кире Лазаров на домашен терен го совладаа Охрид со 24:22 и го задржаа чекорот со водечкиот во А групата од домашниот шампионат Вардар кој исто така има максимален учинок.
ФОТО: Игор Паневски






















