Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интервју со Тошковски: Дали Емирати ќе ги укинат визите за македонски државјани

/

пред 678 дена

Сподели преку :

Македонските граѓани кои живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати од сега нема да мора да ги заменуваат своите возачки дозволи со локални да плаќаат по неколку илјади долари за дополнително полагање.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој е во посета на Абу Даби во интервју за Телма објасни за што конкретно станува збор.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за Телма вели дека на средбите во Абу Даби кои ги имал со својот домаќин, шеикот ал Нахјан побарал да се разгледа можноста за укинување на визите за нашите граѓани со цел да се постигне поинтензивна туристичка, економска и културна соработка помеѓу двете земји.

Делегацијата на МВР, за време на првата посета на ниво на министри од осамостојувањето на Македонија, се запозна и со нивните напредни решенија во полицијата, особено системот Сејф сити.

Тошковски вели дека во Емирати, по воведувањето на системот Сејф сити, преполовен е бројот на жртви во сообраќајот.