Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изјавата на Кешишев во оваа фаза на постапката нема доказна вредност, порачаа од обвинителството

/

пред 679 дена

Сподели преку :

Во Кривичниот суд, денеска продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче. На листата на сведоци се Игор Јанушев, Зоран Абас и Љупчо Мицевски. Останува уште еден сведок од обвинителството по што ќе следи изведување на материјалните докази.

Во однос на изјавата на еден од обвинетите, Влатко Кешишев дека првообвинетиот во случајот Љупчо Палевски, кој се товари дека бил организатор и извршител на грабнувањата и убиствата, дека воопшто не бил присутен на двата дена кога се случиле настаните, од обвинителството изјавија дека тоа нема да влијае на постапката, бидејќи има материјални докази.