Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кацарска: Македонија е „на половина пат“ со реформите, повлечени се само 19 проценти од средствата

/

пред 123 дена

Сподели преку :

Македонија е „на половина пат“ во исполнувањето на реформските обврски од Реформската агенда, оцени извршната директорка на ЕПИ, Симонида Кацарска, во Топ Тема.

Таа посочи дека според последните оценки, само три држави добиваат редовни оценки – Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, додека Србија иако го користи инструментот, Европската Унија за 2025 година не објавила извештај.

„Ако го погледнеме скорбордот, ние сме на половина пат и сме повлекле 19 проценти од средствата што ни се на располагање. Имаме исполнето 22 чекори“, изјави Кацарска.

Таа нагласи дека инструментот за реформи е комплексен и дека процесот сè уште е во тек.

„Ова е инструмент како што го оценила Европската комисија и заедно со него има извештај за истите мерки“, рече Кацарска.