Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Казна од 20 000 евра, за фрлање градежен шут во Ново Лисиче

/

пред 146 дена

Сподели преку :

Казна од 20 000 евра е изречена на фирмата чиј камион незаконски одлагаше отпад од градежен шут на локацијата „Купишта“

„При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад, информираат од Општина Аеродром.

„Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност“, посочуваат од општината.

Од општината апелираат до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат санкции.

Снимка од камионот кој истоваруваше отпад во Нови Лисиче го објави градоначалникот на Аеродром Дејан Митевски.

 

Газдата на „ХСА-Констракшн“, чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, обвинет за прегазувањето на Јорго Ќука и осуден во „Синџир“