Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија падна три места во Индексот за слобода на медиумите

/

пред 157 дена

Сподели преку :

Македонија е со пад од  3 места, од 42 на 45,  во Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“. Таа се наоѓа во групата земји каде ситуацијата е „проблематична“. Од регионот, во групата земји со „задоволителна“ состојба се само Словенија (36) и Црна Гора (41), Хрватска (53) е во групата со „проблематична“, како и Бугарија (71), Албанија (83) и Грција (86), а Босна и Херцеговина (90) и Србија (104) се во категоријата „тешка“ состојба. Норвешка е на првото место десетта година по ред, додека Еритреја е на последното место трета година по ред.

Оценката за Македонија е иста како минатата година и земјата има пад во сите 5 индикатори:

–Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, широкораспространетите дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Исто така, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, пишува РСФ.

Според индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“, повеќе од половина од земјите во светот сега спаѓаат во категориите „тешка“ или „многу сериозна“ состојба за слободата на медиумите.

Во извештајот на „Репортери без граници“ пишува дека потребни се ефективни мерки за заштита на новинарите  почнувајќи со ставање крај на криминализацијата на новинарството.