Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Малеска Сачмароска: Владата повеќе нема да може со една одлука на седница да именува 30-тина нови в.д. директори, законот сега ќе предвидува постапка која ќе биде отворена и за луѓе од надвор

/

пред 240 дена

Сподели преку :

Досега, по пат на политички плен, политичките партии се договараа кој ресор кому ќе припадне и ако се погледнат сите закони кои што ги регулираат досега избраните и именуваните лица, во нив се пропишани само минимум услови за добивање на висока раководна позиција, но не критериуми, не транспарентна и фер постапка, не конкурентна постапка, како што се предвидува во овој закон, вели Неда Малеса Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Ако досега политичките партии се договарале и со една одлука на влада, на пример во 2024 година, кога на шестата седница се именуваа околу 30-тина нови в.д. директори, сега со ова законско решение тоа нема да може да случува. Бидејќи законот предвидува дека мора да има постапка која што ќе биде јавна, транспарентна и конкурентна. Без конкуренција некако вградивме една просечност во сите овие избрани и именувани лица. Сега постапката ќе биде отворена не само за луѓе внатре во администрацијата, туку и за луѓе однадвор, од приватниот сектор кои што ќе можат да внесат некаква свежина на овие раководни функции“, истакна Малеска Сачмароска.

С.Д.