Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маж вооружен со нож се обиде да влезе во зграда на белгиската Влада

/

пред 637 дена

Сподели преку :

Маж вооружен со нож утрово се обидел да влезе во зграда каде се сместени административните служби на белгискиот премиер, но бил оневозможен во намерата и совладан од припадници воената полиција.

„Можеме да потврдиме дека околу 10:00 часот денеска, еден маж е уапсен пред владината зграда“ соопшти бриселската полицијата.

Директорот на Службата за односи со јавноста на премиерот Александер де Кро, Баренд Лејтс во изјава за весникот „Соар“ го потврди инцидентот.

Лицето е однесено во полициска станица, изјави Лејтс, нагласувајќи дека при интервенцијата нема повредени полицајци. Полицијата информира дека приведениот „наводно бил вооружен со нож“ и упатувал закани кон присутните припадници на воената полиција, кои го совладале.

„Неговите мотиви засега се нејасни, се наведува во полициското соопштение“, при што се додава дека во тек е полициска истрага за случајот.

Идентитетот на приведениот засега не е соопштен.