Законското решение поврзано со можноста правосудниот испит да се полага и на албански јазик ќе биде испратено на мислење до Венецијанската комисија, најави премиерот Христијан Мицкоски.
„Ги поддржувам протестите како граѓанско право во демократска држава. Секое решение како закон ќе биде испратено до Венецијанската комисија“, изјави Мицкоски.
„Секогаш поддржувам протести, демократско право е да се поддржат протести и тука немам никаква дилема. Мене лично ми пречи што протестантите кои се правници кои се борат за право го прекршуваат законот, да речеме законот за знамињата, законот за државната химна, уставот и така натаму. Ајде навредите нема да ги коментирам, тоа е се домашно воспитување што во првите 7 години од животот се стекнува. Нема да го коментирам ни насилниот инцидент кој се случи, ниту надворешните мешања во внатрешните работи на Македонија од надворешни фактори. Тоа се ќе го оставиме како фолклор“, рече Мицкоски.
Она што е важно е да се обезбеди трајно решение на проблемите.
Мицкоски го осуди однесувањето на ДУИ за кои рече дека 20 години ништо не направиле. „Тие од голтари станаа милионери на грбот на националните пароли и на луѓето кои се мачат од први до први да го поминат месецот“.
Секое решени ќе биде испратено до Венецијанската комисија.











