Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не е здраво, ниту е европски да имате политичар кој со години е на функција – рече министерот за здравство кој може да биде опфатен со владината реконструкција

/

пред 93 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство Азир Алиу по најавите дека може да биде опфатен со владината реконструкција вели дека се работи за политичка функција и институциите ќе одлучат кој ќе биде на чело на овој ресор.

„Не се работи за лично прашање, јас не аплицирав за оваа позиција, туку сум политички поставен – вели тој. Алуи беше 9 месеци министер за здравство и очекува  наследникот на оваа позиција да продолжи со започнатите проекти.

„Секој ден кога доаѓам на работа, јас сум свесен дека може да ми биде последен ден – од политичка гледна точка како  министер. затоа секој ден ми е со ангажмани за да можам да решавам проблеми“, рече министерот Алиу. 

Алиу вели дека не ја започнал кариерата ниту очекува да ја заврши со политичка функција – тоа вели не е здраво.

„Не верувам дека ќе ја завршам својата кариера на политичка функција затоа што тоа не е здраво- прво за мене, а потоа за политичкиот инфраструктура во земјата државата, да имате човек кој со години е на политичка функција тоа не е ни европски ни светски“, рече Алиу.

Алиу се споменува дека ќе биде сменет од функцијата министер за здравство и ќе биде назначен на чело на Министерството за односи меѓу заедниците.