Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новата дефиниција за силување треба да ги затвори правните дупки кои овозможуваа силувачите да се движат слободно

/

пред 158 дена

Сподели преку :

 Со аплауз беше поздравено гласањето во Европскиот парламент за Резолуција со која се  повикуваат земјите-членки да престанат да се водат од дефиницијата за силување заснована само на сила и насилство и нагласија дека тишината или недостатокот на отпор не треба да се смета за согласност.
Со  447 гласа „за“, 160 „против“ и 43 „воздржани“, Парламентот ја повикува Комисијата да предложи дефинирање на сексот без активна согласност како силување, што претставува историски чекор за правата на жените и жртвите на сексуално насилство во ЕУ.
Резолуцијата беше поднесена од повеќе европратенички, меѓу кои и финската европратеничка Ана Маја Хенриксон која по гласањето на социјалните мрежи напиша: „Победа. Европскиот парламент рече ДА на нашиот извештај  за законодавство за силување врз основа на согласност во ЕУ. Сексуалното насилство врз жените е едно од нашите најголеми проблеми со родовата еднаквост. Време е да се зајакне заштитата на жртвите и преживеаните и да се промени начинот на кој се гледа на сексуалните престапи низ целата Унија“.
Овој потег има за цел да го замени традиционалниот принцип „не значи не“, за кој активистите тврдат дека не ги штити жртвите бидејќи не бара експлицитна, потврдна согласност за сексуални дејствија. Резолуцијата е само првиот чекор во политичкиот процес: сега ќе треба да се предложи како закон за кој земјите-членки на ЕУ ќе гласаат.

 

Парламентот нагласува дека недостатокот на отпор, отсуството на зборот „не“, претходна согласност, минатото сексуално однесување или која било сегашна или претходна врска не треба да се толкуваат како согласност и дека треба да се земе предвид дека жртвата на силување може да реагира на кривичното дело со „привремена парализа“.

Дваесет и една од 27-те земји-членки на ЕУ усвоија закони за силување засновани на согласност, според Амнести Интернешнл, а во некои, вклучувајќи ги Шведска и Шпанија, законот го следи пристапот „да значи да“. Во меѓувреме, во земји како Унгарија и Латвија, законот генерално бара доказ за употреба на сила, закани или принуда. Овие законски празнини создаваат значителни пречки за жртвите, велат експертите, бидејќи бара од нив да докажат употреба на насилство или закани.