Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Опозицијата резервирана за поканата за лидерска средба

/

пред 1432 дена

Сподели преку :

Опозицијата е резервирана кон поканата на премиерот за лидерска средба, најавена преку медиумите, без формат, содржина и теми на разговор. Опозицискиот лидер Мицкоски бара главни теми на средбата да бидат економската состојба, енергетската криза, инфлацијата, сиромаштијата и ниските плати иако  очекува да биде наметната и темата за уставните измени, за која тој не е подготвен да разговара.

За изјавата на вицепремиерот Артан Груби, дека имаат мнозинство од 80 пратеници за уставни измени рече дека, ако е толку сигурен, нека ја поднесе иницијативата во Парламентот.

Во тој случај, не би ни имало потреба од лидерска средба. За барањето на Алијанса,пак, за дводомен парламент, доколку се избришат Бадентер и Балансер, вели дека е страшно, затоа што би значело федерализација на државата, а никому не му е потребна уште една Босна на Балканот.

За лидерската средба се двоумат и од Алијанса на Албанците.

Утре ќе одржи седница комисијата за организирање на конгресот, што ги има ингеренциите на раководството и ќе донесе одлука дали ќе присуствуваат и на оваа и на средбата што ја организира БЕСА за уставните измени.

Далиборка Демјанска Цветановска