Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Општините борчлии до гуша, должат вкупно 86 милиони евра – за една година „надѕидале” нови 22 милиони евра

/

пред 146 дена

Сподели преку :

За над 22 милиони евра пораснал долгот на општините за една година. Од документот на Финансии може да се види дека, заклучно со март, тие имаат доспеани, а неплатени долгови од 86 милиони евра. До крајот на годинава за плаќање ќе им стигнат уште 13 милиони евра.

Состојбата е поалармантна со општинските јавни претпријатија. Тие првиот квартал го завршиле со доспеани, а неплатени долгови од над 107 милиони евра.

 

                                      ОПШТИНИ ДОСПЕАН И НЕПЛАТЕН ДОЛГ

ПРВ КВАРТАЛ 2026  ГОДИНА                                                ПРВ КВАРТАЛ 2025 ГОДИНА

86 МИЛИОНИ ЕВРА                                                                   63,4 МИЛИОНИ ЕВРА

Познавачите коментираат дека долгот на општините е тема за која се зборува со години. За ваквата состојба велат има повеќе причини. Една е начинот на менаџирање со долгот и од страна на градоначалниците, но и од администрацијата на општината.

„И самото раздолжување од страна на државата и тоа создава морален хазард. Општините веќе вторпат се случува, а и се надеваат дека можеби и третпат ќе ги поддржат. Викаат „ние градоначалниците имаме отчет пред нашите граѓани, сакаме да исполниме повеќе, нашите граѓани мора да добијат услуги, а долгот можеби понатаму државата повторно ќе го подмири. И тие се чувствуваат малку покомотни. Дури едно истражување и ни покажа дека колку повеќе трансфери дала државата на локално ниво, толку помалку ги собираат сопствените приходи“, изјави универзитетскиот професор Борче Треновски.

Уште еден доста добар проблем со кои се соочуваат е способноста да изберат добар капитален проект од кои би имале поголем бенефит, а тоа да не се паркови, игралишта и слично. Поради тоа Треновски смета дека можеби при распределбата на унгарските 250 милион евра, требаше да се примени подобра методологија.

„За да биде поправедно и за да ги добијат оние општини на кои навистина им се потребни средствата. Ако имате изградена општина со развиена патна мрежа, со образовна мрежа, и таа е урбана општина, кога ќе ѝ доделите дополните средства, маргиналниот придонес за неа е многу помал. Пак ќе изгради некој дополнителен парк како што кажавте. Но, кога ќе ѝ дадете на рурална општина која сè уште со водовод не е покриена, сè уште нема пристапни патишта, таму импактот е многу поголем“, додаде Треновски.

Иако ја подобриле наплатата на сопствените средства, Треновски смета дека во тој дел има уште многу да се работи. Како проблем останува и превработеноста. Препорачува да се подобри менаџирањето на буџетите, но и да се зголеми контролата на советите врз градоначалниците.

Според документот на Финансии, со најголеми долгови се јавуваат Тетово и Гостивар. Од поголемите тука се и Карпош, Кавадарци, Кисела Вода, Битола, Аеродром. Сепак, на списокот со доспеани, а неплатени долгови се јавуваат речиси сите општини.

Освен парите од Унгарија, за капитални проекти во минатото, за време на претходната влада, општините добија и 55 милиони евра за покривање на долгови.

Ирена Чачкова