Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Шест лица биле хоспитализирани на клиниката за токсикологија во Скопје по вчерашните пожари, меѓу нив имало двајца полицајци, двајца пожарникари и еден возач на возило на итна медицинска помош, вели директорот на клиниката за токсикологија Андон Чибишев. Од шестмината, четворица денеска се пуштени на домашно лекување, а двајца се задржани на лекување во клиниката.

-Во последиве три дена откако се актуелни пожарите кои се појавија на територија на целата држава низ нашата амбуланта поминаа 18 пациенти кои биле дирекно вклучени во гаснење на пожарите и кои што биле изложени дирекно на зголемена концентрација на чад и отровни гасови. Од тие 18 луѓе шест беа задржани на болничко лекување поради посериозни потешкотии и проблеми со здравјето. Од шестмината, четворица денеска заради подобрување на состојбата се пуштени дома. А двајца ќе бидат задржани уште неколку денови под наш интензивен надзор. Во шесте хоспитализирани имаме двајца полицајци, двајца пожарникари и еден возач на возило на итна медицинска помош, вели директорот Чибишев кој за Телма вчера изјави дека тешки метали се депонираат и во коскената срж и таму може да предизикаат пореметување на зреење на крвната лоза и сериозни крвни заболувања.

Доктор Чибишев со совет: Барем маски да користат оние кои учествуваат во гаснење на пожарите, мокрите крпи не помагаат