Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Премиерот Ковачевски пресмета оние кои ќе перат и готват на дневна евтина, ќе заштедат над 1.000 денари во месецот

/

пред 1039 дена

Сподели преку :

Од денеска  170.000 домаќинства со дигитални далечински броила добиваат дневна евтина тарифа. Останатите 650 илјади ќе ја имаат во текот на месецов затоа што нивните броила треба рачно да се сетираат.

Според, премиерот Ковачевски со ова едно семејство месечно ќе заштеди  1.000 денари.  Заштетите ги пресметаа, но надлежните се уште утврдуваат дали и за колку би скокнала и цената на струјата од јануари, откако ЕСМ го поскапи својот мегават за 7, 5 отсто.

Цената се зголемува од сегашните 53 на 57 евра. По овој износ струјата која е наменета за домаќинствата и малите потрошувачи ЕСМ на ЕВН ХОУМ ќе и ја продава до крајот на јуни.

  • Ги прашавме во ЕСМ зошто дадоа понуда со поскап мегават час, дали може би е тоа последица на намалените субвенции од буџетот  кои одат за  компанијата. Но, и колку точно тие сега ќе изнесуваат?

Од таму одговорија, цената од 57 евра за мегават час е оптимална. А за тоа колку пари овој пат од буџетот ќе легнат во ЕСМ, надлежна е Владата.

Но, пред да се скрои новата цена на струјата, премиерот Ковачевски уверува – ценовен шок ниту за граѓаните, ниту за малите потрошувачи  нема да има.

Од РКЕ пак соопштуваат дека од  петте параметри кои се важни за крајната цена на струјата, за сега  познати се само два. Цената на ЕСМ од која всушност најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните и цената по која Електродистрибуција ќе ги покрива загубите. Пресметки до РКЕ доставиле и од МЕМО, но се уште се чекаат оние на МЕПСО. Потоа РКЕ ќе објави што од барањата е прифатено, а што не.

Крајната цена треба да биде соопштена до крајот на годинава. Овој пат тоа наместо Регулаторна ќе го направи ЕВН ХОУМ.  Но, пред да се објави новата цена, прво треба да помине на контрола кај регулаторите.

Ирена Чачкова