Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО.
Со денешните настани во Париз на Светскиот ден на поезијата се одбележуваат и 30 години од македонското членство во УНЕСКО. Во рамки на одбележувањето се обрати и генералната директорка Одре Азуле.











