Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведен скопјанец кој со нож повредил друго лице – поднесена кривична пријава за обид за убиство

/

пред 159 дена

Сподели преку :

Полицијата приведе скопјанец кој во четвртокот пред угостителски објект на улица „50 Дивизија“ со нож нанел убодни рани на друго лице. Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека против скопјанецот со иницијали А.Ч. е поднесена кривична пријава и одредена му е мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

„Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ч. од Скопје, затоа што на 23.04.2026 пред угостителски објект на ул. „50 Дивизија” со нож му нанел убодни рани на А.Ѓ.. Веднаш по добиената пријава за настанот, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е во целост расчистен. Напаѓачот е лишен од слобода, а од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, во координација со ОЈО Скопје, е поднесена кривична пријава по итна постапка против А.Ч. за кривично дело „обид за убиство” по член 123, во врска со член 19, од КЗ“, информира МВР.