Првиот ден од викендот ќе преовладува променливо облачно, посвежо и ветеровито време со повремени локални врнежи од дожд. На некои места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 11 до 17°C, а дневната од 18 до 25°C.
Во Скопје, променливо облачно, посвежо и ветровито со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Информации од ова утро: 16.6.2023
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
9 Попова Шапка, 11 Лазарополе, 12 Маврови Анови, Крушево, 14 Крива Паланка, Охрид, Берово, Претор, 15 Дебар, Битола, Прилеп, 16 Тетово, Виница, 17 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Штип, Струмица, Кавадарци, Дојран, 18 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2)
33 Претор, Маврови Анови 31 Попова Шапка, 25 Пожаране, 22 Тетово, 19 Крушево, Дебар, 14 Крива Паланка, 13 Битола, 12 Струмица, 10 Охрид, 7 Берово, 6 Виница, 5 Д.Капија, Гевгелија, 4 Прилеп, Ѓуриште, 3 Штип, Скопје-Петровец, 2 Скопје Зајчев-Рид, Дојран.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo











