Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реорганизација на ФИТР и спојување со Агенцијата за поддршка на претприемништво

/

пред 544 дена

Сподели преку :

Владата на денешната 66-та седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од реорганизација на Фондот за иновации и технолошки развој и предлог за спојување со Агенцијата за поддршка на претприемништво.

Министерството за образование и наука, Владата го задолжува во рок од 10 дена да формира работна група со претставници на Канцеларијата на Претседателот на Владата, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Фондот за иновации и технолошки развој која ќе има за цел да изработи нов или измена и дополнување на Законот за иновациска дејност со кој ќе се регулира реорганизацијата на Фондот за иновации и технолошки развој.

Реорганизацијата, како што информираат од Владината прес-служба, е во насока на реализација на ветеното во делот на реорганизација на институциите.