Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ристов остана единствен кандидат за претседател на Регулаторна

/

пред 201 дена

Сподели преку :

Кандидатот за нов претседател на реулаторната комисија Ацо Ристов го помина филтерот во Комисијата за прашања на изборите и именувањата. За неговата кандидатура седум членови гласаа за, а двајца против.

Ристов е дипломиран електроинженер и поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2021 до 2025 година.

Неговата сопруга Данка Ристова е членка на Судскиот совет.

Ристов пред кандидатурата ја отстапи неговата компанија за проектирање и изградба на мали хидроцентрали.

Кандидатурата на неговиот противкандидат Шамил Реџепи беше отфрлена поради непотполна документација.

Претседателот на комисијата Ѓорѓија Сајкоски констатираше дека Ристов ги исполнува условите за функцијата. Со него не се согласи  Арбана Пашоли, пратеничка од ДУИ која сметаше дека критериумите во огласот биле ограничени, што создавало неусогласеност со законското решение.