Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија и официјално поднесе обвинение против Иван Гершкович, дописник на „Волстрит Журнал“ од Москва, за шпионажа

/

пред 1277 дена

Сподели преку :

Руските власти и официјално поднесоа обвинение против притворениот новинар на „Волстрит Журнал“, Иван Гершкович кој се товари за шпионажа, објави руската новинска агенција ТАСС.

Според рускиот правен систем, поднесувањето на обвинение значи формален почеток на кривична истрага.

Руските власти го уапсија Гершкович во текот на минатата недела, под сомнение дека се обидел да добие доверливи информации за фабрика за оружје во Русија. „Волстрит Журнал“ ги отфрли обвинувањата дека нивниот дописник од Москва бил вклучен во такви активности.