Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Словенецот Цехте прво засилување за Еурофарм Пелистер

/

пред 1220 дена

Сподели преку :

Новиот македонски ракометен шампион Еурофарм Пелистер почна со формирањето на тимот за следната сезона во која Битолчани ги очекува настап во елитното натпреварување.

Прво ново име во составот на Еурофарм Пелистер е 30-годишниот десен бек Нејц Цехте кој до сега го носеше дресот на првакот на Данска, ГОГ Гудме.

Цехте е стандарден словенечки репрезентативец, има 52 настапи за својата селекција, вклучувајќи и Европско и Светско првенство. 195-сантиметри високиот Нејц Цехте потекнува од ракометно семејство, бидејќи и неговиот брат Клемен Цехте беше професионален ракометар и словенечки репрезентативец.

Цехте се обрвза на едногодишен договор, со опција за уште една сезона. Неговото претставување клубот го предвидува кон средината на јули, на почетокот на подготовките на екипата за сезоната 2023/24.

ФОТО: Игор Паневски