Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Србите на кои им беше забранет влез во Црна Гора планирале собири за поддршка на Вучиќ

/

пред 121 дена

Сподели преку :

Србите на кои им беше забранет влез во Црна Гора, и  со чатер лет беа вратени во Белград планирале да организираат серија митинзи во поддршка на Александар Вучиќ за време на неговиот престој во Тиват. Целта била да се создаде лажен впечаток дека претседателот на Србија има силна поддршка меѓу граѓаните на Црна Гора, пишува Nova.rs.

Планот вклучувал појавување на разни локации во Тиват и околината, истакнување транспаренти и организирање факели и митинзи, со што требало да се создаде впечаток во јавноста дека граѓаните на Црна Гора спонтано ја изразуваат својата поддршка за претседателот на Србија.

Според информации на порталот, сличен модел веќе е применет во некои градови во регионот, вклучително и во Северна Македонија.

Група од 87 мажи кои вчера слетаа во Црна Гора со чартер лет беа вратени во Белград со одлука на безбедносните служби а кои имале криминални досиеја. Тие носеа транспаретни на кои пишувало „Србија победува“ и радио станици.