Идејата за формирање на „Сапорт Кочани“ (Support Kocani) беше поддршка за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“, собирајќи финансиска помош за нив и донации кои ќе им бидат потребни за лекување, рече Дарко Стоилов, претседател на здружението „Сапорт Кочани“, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Како организација, покрај собирање на донации, воочивме дека фали интервенција во многу други сегменти, како набавка на некои од медикаментите кои што не беа достапни на македонскиот пазар, ги немаше во доволни залихи, пронаоѓање на компании кои што можат да достават доста специфични помагала за лекување на раните на повредените. Ако на почеток бевме една мала волентерска група, потребите сами по себе ја диктираа целата организација на некој начин. И од организација чија иницијална цел ѝ беше да собира само донации и да ги распределува директно на сметките на луѓето, пораснавме во едно сериозно граѓанско движење кое што опфаќа повеќе делови, како психолошка поддршка, набавка на специфични компресивни облеки, помагала, хипербарни комори и ред други медицински помагала кои што беа вклучени во физикалната терапија“, посочи Стоилов.
С.Д.











