Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тешка сообраќајна несреќа кај Охрид: Едно лице загина, пет се повредени

/

пред 1424 дена

Сподели преку :

Едно лице загина, а пет се повредени во тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патниот правец Охрид – Кичево, дознава Телма од извори во Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според првичните информации, во несреќата учествувале патничко возило „киа рио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.А. (57) од Охрид, патничко возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.П. (22) од Струга и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Р. (39) од Охрид.

На лице место починал Р.А., а повредени се пет лица кои се пренесени во болницата „Св. Еразмо“ и во охридската Општа болница.

Сашко Димовски