Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тринаесетгодишно дете е повредено во пожар што избувна во стан во скопски Центар

/

пред 129 дена

Сподели преку :

Tринаесетгодишно дете е повредено во пожар што денеска попладне избувна во стан во зграда во скопски Центар.

Случајот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје е пријавен денеска во 12:38 часот, по што на терен интервенираа пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита, кои го изгаснаа пожарот.

Во моментот на пожарот, како што соопштија од полицијата, во станот се наоѓал 13-годишник, кој се здоби со повреди.

„Пријавено е дека во стан во зграда на улицата ‘Христо Смирненски‘ во Скопје настана пожар. По интервенција на скопската ТППЕ пожарот е изгаснат, а од него со повреди се здоби 13-годишник, кој беше во станот. Со возило на Итната медицинска помош е пренесен во болницата ‘Свети Наум Охридски‘ на укажување лекарска помош“, пишува во полицсикото соопштение.