Стево Пендаровски и Александар Вучиќ одиграа партија шах. Фотографијата ја објави српскиот претседател на неговиот Инстаграм профил и додаде „одигравме убава партија шах“.
Двајцата претседатели денеска го посетија манастирот „Прохор Пчињски“ по повод одбележувањето на 120-годишнината од Илинденското востание. По обиколката одржаа и состанок по кој порачаа дека ги потврдиле исклучителните односи меѓу двете земји.
Вучиќ и Пендаровски во текот на денот ја посетија и винаријата Алексиќ.











